Ирска повторно се „заклучува“ по Божик


Ирска планира по Божик да ги затвори рестораните, пабовите кои служат храна и некои продавници, помалку од еден месец откако ја повлече претходната блокада, но и откако здравствените власти предупредија дека во земјата се зајакнува третиот бран на пандемијата на коронавирус.

Ирскиот премиер Мајкл Мартин изјави  дека нема докази оти новиот вид на коронавирус, кој ја изолира Велика Британија, стигнал во Ирска.

– За жал во последната недела е забележан исклучителен пораст на вирусот. Тоа истото го видовме во Британија и низ Европа, истакна Мартин на прес-конференција.

Угостителскиот сектор во Ирска и некои продавници кои ќе бидат затворени од 24 декември, треба да имаат предвид дека ќе бидат затворени најмалку до крајот на февруари, истакна ирскиот вицепремиер Лео Варадкар, кој упати апел до повозрасните граѓани да се чуваат.

Ирска има една од најниските стапки на заразување во Европа, откако на почетокот на октомври ги затвори продавниците, баровите и рестораните.