Иран се заканува со тајни оружја: Ќе ги испратиме Американците на дното на морето

MEDDITERRANEAN SEA - MARCH 29: Aircraft Carrier U.S.S. Harry S. Truman steams underway on March 29, 2003 in the Eastern Mediterranean Sea. U.S.S. Truman is deployed in support of Operation Iraqi Freedom. (Photo by Michael W. Pendergrass/U.S. Navy/Getty Images)

Иран може да потоне американски воени бродови со помош на тајни оружја, изјави денеска советникот на иранската воена команда, генерал Мортеза Корбани.

„Америка испраќа два воени бродови во регионот. Ако направат и најмала глупост ќе ги испратиме до дното на морето, заедно со посадите и авионите, со помош на две ракети или две нови тајни оружја”, рече Корбани.

Седумдесет поранешни американски воени претставници испратија писмо до претседателот Доналд Трамп на аналитичкиот портал “War on rocks”, во кое тие го повикуваат да не дозволи тензии со Иран.

Тие истакнуваат дека Трамп има овластување да го намали нивото на тензии на Блискиот Исток. Воениот конфликт со Иран скапо ќе ги чини САД, нагласуваат тие.

Во писмото се вели дека Трамп треба да покаже „државна зрелост и мудрост” со цел да спречи ескалација што би можела да има лош ефект врз позицијата на земјата.