Иран погуби три лица обвинети за вооружени напади за време на јануарските протести
Властите во Иран погубија три лица обвинети за извршување операции во корист на Израел и САД и за вооружени напади за време на протестите што ја зафатија земјата на почетокот на годинава, објавија иранските државни медиуми.
Егзекуциите биле извршени откако Врховниот суд ги потврди смртните пресуди за Хасан Диобанд, Хамид Каземи и Реза Зангане. Според официјалното обвинение, тие за време на немирите употребувале огнено оружје, гранати и молотови коктели против припадниците на безбедносните сили, а запалиле и јавни објекти и предизвикале штета на трафостаница во градот Караџ.
Диобанд бил уапсен на 11 јануари, откако против него биле собрани докази за оштетување државен имот и поттитнување насилство. Подоцна властите уапсиле уште 10 лица за кои истражителите тврдат дека дејствувале под негово раководство.
Диобанд и другите двајца обвинети беа осудени на смртна казна и конфискација на имотот, додека останатите обвинети во овој случај добија затворски казни од пет до 10 години.