Ирак: Тројца Французи од ИСИС осудени на смрт


Суд во Багдад денеска им изрече смртна казна на тројца француски државјани, припадници на терористичката организација Исламска држава.

Неименуван официјален претставник изјави дека овие тројца затвореници се дел од 13-те француски државјани, кои Сириските демократски сили (СДФ) ги предадоа на Ирак во јануари.