Ирак брои „црни рекорди“


 

Во Ирак денеска се потврдени 4.348 нови случаи со Ковид-19, соопшти Министерството за здравство на земјата.

Вкупниот број инфицирани е 176.931, пренесе СИ-ен-ен.

Од корона вирус денеска починаа 75 пациенти, а вкупниот број смртни случаи од почетокот на пандемијата е 5.860.