Ирачките ученици и студенти ја бојкотираат наставата додека не падне режимот
Ирачките безбедносни сили денеска фрлија солзавец врз учениците и студентите кои порачаа дека „нема настава додека не падне режимот“, неприфаќајќи го предупредувањето на премиерот, ги продолжија протестите во кои досега загинаа повеќе од 200 луѓе.
Портпаролот на премиерот Абдела Абдула Махдија рече дека секој кој ја нарушува работата или школската настава ќе биде тешко казнет.
Масовните улични протести во Багдад и другите градови во јужната шиитска внатрешност против економските тешкотии почнаа на почетокот на месецот и продолжија во петокот по двонеделна пауза.
Младите сочинуваат 60 проценти од населението во Ирак и бараат излез од високата криза поради невработеноста и ја осудуваат работата на администрацијата опфатена со корупција.
Четворица ирачки пратеници изјавија дека поднеле оставка за да се дистанцираат од политичката класа за која обвинуваат дека „не успеала да одговори на барањата на демонстрантите. Тие побараа оставка на владата и предвремени избори.
Првично, демонстрантите бараа отворање работни места и подобра јавна администрација, а потоа „пад на режимот“, нов устав и целосна промена на политичката класа.
Парламентот, парализиран поради протестите, не успеа да се состане за да гласа за реформите предложени од нејзиниот претседател Мохамед ал Халбуси и премиерот Адел Абдел Махди.
Во Багдад е воведен полициски час од полноќ до 6 часот наутро.