Инженерот Стојанов објасни зошто Скопје нема вода пред советниците во Град Скопје! Послушајте го!


Полнењето базени, полевањето и нерационалното трошење вода се причина што делови од Скопје деновиве намаат вода или имаат намален притосок. Поради ова, денеска и во Советот на Град Скопје се расправаше, а од „Водовод и канализација“ дојдоа двајца експерти, инженери кои објаснија каде е проблемот, но понудија и решенија. 

Зоран Стојанов – оперативниот директор на „Водовод и канализација3, апелираше граѓаните рационално да користат вода, но  Дејан Димовски – кој е инженер и работи на  електромашинско одржување и техничко следење на потрошувачката на вода имаше незапамтен говор во Собветот на Град Скопје. 

Прочитајте интегрално што им кажа Стојанов на советниците, на прашање на советничката од ЗХГ зошто Скопје има намален притисок, зошто на РЖ Услуги им се испорачува питка вода, а не се наплаќа, и кое е решението. 

„Генерално, во моментов, потрошувачката на вода во Град Скопје е 350.000 м3 на дневно ниво. Таква потрошувачка на вода во Град Скопје, во изминатите години, немало! Основата на водоснабдувањето на Град Скопје, е Рашче и двете бунарски подрачја, Лепенец и Нерези.

Моментално од Рашче добиваме околу 3.000 л во секунда и повеќе не може, затоа што каптираната вода во Рашче е на висинско ниво под 70 см и тоа е природен извор, којшто ние за напорите којшто технички ги правиме, за да ги задоволиме потребите за питка вода на Скопје, го форсираме максимално изворот. Од друга страна, сите можни извори, во двете бунарски подрачја – пет бунари – дополнуваат 1.000 л во секунда.

Во моментов додека седиме овде, Скопје троши 4.000 литри во секунда и во одредени делови на градот, верувам дека има намален притисок.

ЈП „Водовод и канализација“, по своите ингеренции, потребно е да даде вода, онолку колку што технички системот овозможува и технички да ги одржува постојните експлоатациони капацитети – говорам за пумпни станици, резервоари, примарна и секундарна мрежа, заедно со каптажните простори.

Инвестирањето во нови водоснабдителни системи и подобрувањето, сеинвестиција на самите општини.

Генерирањето на Детални урбанистички планови не значи само проширување и урбанизација на градот, изградба на нови населби, изградба на нови згради, изградба на нови индустриски зони… Тоа да, но претходно ќе треба да финансираме и во водоснабдителната и во канализационата инфраструктура. Тоа не го прави ЈП „Водовод“. Било кој систем технички, што одредена општина во Град Скопје, согласно стандардите за водоснабдување, ЈП „Водовод“ го прима како дел од системот и со наплатата на вода го одржува.

Ако посочуваме за делот од Гази Баба, преку пумпена станица Гази Баба, во моментов, работи целосниот капацитет на пумпената станица Гази Баба со 350 литри во секунда. Не можеме да ја гледаме детално издвоено Гази Баба. Водоводниот систем во Скопје е еден систем, една целина. Постои поврзаност на Гази баба и со Чаир, делови од гази Баба се поврзани со делови од Аеродром и примарната и секундарната мрежа е буквално крвоток на водоснабдителниот систем. Ако за Гази баба анализираме одредени, наназад неколку години, имаме и нови населби: покрај Хиподром, имаме уште една Хиподром 2, во делот на Автокоманда имаме згради и надградба на згради изградено, од 2, на 4, на 6, на 8 ката. А да се навратиме наназад: дали имаме нова пумпна станица? дали имаме нов резервоар со зголемен капацитет? во истиот времински период за којшто урбанистички е зголемен бројот на станбени единици, зголемен бројот на население?!
Ние мораме еднаш засекогаш да сфатиме дека технички урбанизациојата покрај тоа што подразбира урбанизација на самиот град, технички следење на системите за водоснабдување.
Секојдневно се обидуваме да апелираме за рационално користење на водата. Во делот на прашањето коешто се однесува на „Железара“, бидејќи хронолошки наназад се враќате во документацијата, сметам дека ако се навратиме наназад многу години, двата клучни цевковода во Град Скопје, ги изведувала тогашната фабрика „Железара“, од коишто едниот, којшто ние го викаме Градски 1.600, во тоа време (60-тите и почетокот на 70-тите) имал за цел да го напојува урбаниот дел на Град Скопје, а „железарскиот цевковод“, да ја опслужува фабриката „Железара“. ЈП „Водовод“, може да сугерира и може да апелира, но не носи законски решенија. Во овој момент, поради разѐвојот на градот, Град Скопје се обидува да ја изгради инфраструктурата за изградба на булевар „Хрватска“, којшто точно ќе поминува во Гази Баба и ќе ги спои булевар „БиХ3 и бул „Србија“. Најголемата траса која што поминува, ќе поминува низ Општина Гази Баба. Во таа инфраструктура, работевме зафат, кога поголем број на саати, тој дел на градот, беше исклучен. Водата којашто ја дава ЈП „Водовод“, кон РЖ Услуги, се наплаќа и не ви е точен податокот, дека е 30 проценти од вкупното производство на вода. Тоа значи дека вие со вашиот податок, на податокот којшто јас кажувам дека е 100 посто точен и стојам позади него, на 350.000 метри кубни произведена вода вчера, дека ние на „Железара“ сме ѝ дале 110.000 м3 вода?! Апсолутно не е точно! Водата во „Железара“ се наплаќа и првпат се обидовме, без борба правна, со тие сегменти коишто се произлезени од „Железара“, кадешто нашиот аргумент во тоа време кога почнавме да ја наплаќаме водата во „Железара“ беше дека таа фабрика, во друг систем, кога ја градела таа цевка, не постои, а ова се правни нивни наследници, како РЖ Услуги, затоа што е приватен капитал и ние ќе бидеме благодарни, ако се донесе одлука, на кое било ниво, вклучително и на Совет на град Скопје, дека ние не треба да испорачуваме вода на „Железара“ и дека водата првенствено треба да биде за водоснабдување на Град Скопје. Меѓутоа, на тој цевковод, ако повторно се вратам на почќеток, кога бил проектиран дека основната намена му била да се донесе вода од Рашче до „Железара“ фабриката, во 1968 година, мислам, тогаш во тој период, до сега е приклучено населено место Бардовци, Визбегово, Шуто Оризари и е приклучено населено место Бутел, со Радишани. И пота цевководот завршува. ние таму ставивме иглест затворач, во којшто сега РЖ Услуги, на ваква ситуација, бидејќи го затовраме целосно и не им дозволуваме да земаат проток, и ставивме мерач на проток со кој мериме и ја наплаќаме водата, се јавуваат и се бунат зошто не добиваат одредена количина вода. Но, „Водовод и канализација“ нема основа, јас сум инженер, не сум правник, но нема основа дека тој приватен, индустриски капацитет, не само РЖ Услуги, ќе бодат спречени да влегува таа вода. Дополнително има проблем. Преку РЖ Услуги, две населени места во Општина Гази баба, се снабдуваат со вода. Не можеме да бидеме себични и да ја затвориме таа вода по оваа претходна констатација да се обидеме да ги спречиме да стигнат луѓето до питка вода од Црешево и мислам Смилковци.

Фото: Б. Грданоски

Да понудиме решение: При одредувањето на ДУП уште во проектна фаза, ќе треба да се размислува и на нова техничка инфраструктура за водоснабдување. Размислувам на пумпени станици, на резервоари и на примарна мрежа. Јас во „Водовод и канализација“ работам 20 години и буквално сум учествувал во сите реконструкции… пумпите кои јас сум ги затекнал, имам 45 години, пумпите беа постари од мене. Три пати во Гази Баба се надградувани пумпи со можниот капацитет. Меѓутоа имаме и енергетско ограничување. Секоја пумпа е погонувана од електромотор, некаде не можеме повеќе да пуштиме. Во гази Баба можеме максимум да пуштиме од 4, не можеме 5 затоа што оптоварувањето на трафостаницата е на максимално ниво. Ова сега што ви го кажав за Гази Баба, имаме дополнителна станица во Инџиково, којашто испорачува дополнителни 50 литри во секунда, кон резервоарот во Ченто.
Единствени бунари коишто се исправни во Скопје, и водата е исправна од бактериолошка гледна точка се Лепенец и Нерези.

На крајот го поставуивте највистинското прашање, а тоа беше да понудиме технички решенија. Покрај апелите којшто преку медиумте секојдневно ги даваме, се плашам дека можеми и доцниме од техничка гледна точка, меѓутоа треба интензивно да размислуваме за алтернативен извор за водоснабдување на Град Скопје. Дали тоа ќе бидат студиите за Врело, дали за Патишка река. кога ќе дојде таква тема за размговор, од техничка гледна точка, јас ќе си го кажам своето мислење, меѓутоа треба да размислуваме како целина. Исто како што сите ние заедно и сега можеме да придонесеме. Ако сега, сите ние овде во оваа сала, заборавиме сѐ и само апелираме во средините во кои ние живее, да луѓето се воздржат. Јас и денеска тврдам, ако нема енормна потрошувачка на вода, особено во попладневните часови, Скопје ќе има стабиле притисок.

Појасни дека на утринска програма, објаснил што на нас ни се сучи вчера во 15 минути.

Од држење на одредено стабилно ниво на притисок, од 21 до 21.15 часот побарувањето за питка вода во Град Скопје се зголеми за 30 отсто,а  количината на вода за пиење којашто ние ја добивавме од Рашче беше буквално еднаква. ..

Мораме да размислуваме за Скопје, за испитување на дополнителни бунарски подрачја, мораме да размислува и технички, дека форсирањето на природниот извор Рашче и форсирањето на природните бунарски подрачја, не би сакал ни да помислам, ако направи депресија. Таму Рашче кадешто е каптиран, ако цело време го форсираме во доволно долг временски период, можеме самите да го доведеме во ситуација да  изворот најде земјен, бил о каков пат, друго место. 

Ова е апел, секој човек во Скопје, кој во дел од денот ќе има намален притисок на вода или ќе има недостадок на вода, во истиот момент нека се сети, дека има барем тројца сограѓани коишто полеваат со вода, прскаат или полнат базени. 

Тој гарантира дека технички нема пумпна станица која не работи во моентот или има дефект, но гарантира дека не може Рашче да даде повеќе од 3.000 литри во секунда.

Неговото излагање може да го проследите на видеото од седницата на Град Скопје на 1.58.26 на слениот линк: