Интерпол не сака да ја објави потерницата за Груевски
Интерпол повеќе од два месеци не објавува меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Будимпешта.
Обвинителството за организиран криминал го бара за организација на крвавиот четврток, но засега Груевски се бара со потерница само во Македонија.
Ова го изјави обвинителката Вилма Русковска, но засега немаат добиено образложение зошто не се објавува и покрај комплетната документација.
Груевски е обвинет и во неколку случаи на СЈО, а Русковска најавува обвинение за организаторите на крвавиот четврток наскоро.(Ф.Ф.)