Интерпол барал двајца криминалци – фатени се на аеродромот во Скопје


Двајца криминалци од Турција и од Латвија, по кои трагал Интерпол, фатени се вчера на гранична контрола на аеродромот во Скопје, соопшти МВР.

Во четвортокот, во 07.50 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода А.М.(48) од Република Турција затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол-Грција.

Истиот ден, во 12.35 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода А.Н.(31) од Латвија затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол-Норвешка.