Интернет полуде по белиот костум на Камала Харис


САД– Твитер полуде пред Камала Харис да изговори збор од својот говор за победа. Во моментот кога таа стапна на сцената во Делавер – не помалку од песната на Мери Џ. Блајџ, гледачите беа привлечени од нејзината потпретседателска облека: бел костум со панталони и свилена кошула со машна . Таа ги замени омилените патики Converse со салонки во крем боја.

Белиот костум на легендарната американска дизајнерка  Каролина Херера, се смета за омаж на жените суфражетки кои на почетокот на 20 век, носеа целосно бела облека додека се бореа за правото на глас. Во последниве години, жените во политиката ширеа слични пораки, како Демократските конгресмени во 2018 година, кои носеа бело на обраќањето во Државата на Унијата или Хилари Клинтон, која носеше бел костум со панталони кога стана првата жена претседателски кандидат на Демократите во 2016 година.

Исто така, историчарот и писател на модата Шелби Ајви Кристи на Твитер истакна дека „монохроматското облекување е знак на прослава во црната заедница“, истакнувајќи уште еден слој на значење во комплетот на сенаторот Харис, првата жена потпретседателка во историјата на САД, со индиско и од Јамајка потекло.