Интернет-концертот на Дуа Липа собра најмалку пет милиони посетители

Англија – Дуа Липа во петокот го одржа својот прв интернет-концерт под наслов „Студио 2054“. На настанот таа вечер „присуствуваа“ повеќе од пет милиони луѓе, интернет-посетители од целиот свет.

Виртуелниот концерт собра пет милиони прегледи за еден ден, а врската за гледање ќе биде достапна до недела до 23:59 часот.

Концертот беше пренесуван во живо од голем магацин, а пејачката пееше и танцуваше нешто повеќе од еден час преку специјално креирана сценографија.

По тој повод, таа изведе песни од досегашните албуми „Future Nostalgia”, „Club Future Nostalgia”, како и од своите почетоци.