Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ од 14 до 17 септември


Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ ќе се одржи од 14 до 17 септември во Куршумли ан, Europe House и во Кинотеката.

Организираторите на фестивалот соопштија дека важен дел ќе биде програмата „Скопје fellowship“, чии гости ќе бидат Назли Бериван Ак од Турција, Јасмина Радојичиќ од Србија, Доротеа Монова и Милен Милев од Бугарија.

На вториот фестивалски ден (15 септември), тие ќе учествуваат на тркалезна маса „Литература и криза: почетна точка за нови противотрови“, што ќе се реализираме во Europe House. Потоа тие ќе се сретнат со претставници на Македонската асоцијација на издавачи.