Интер ја прекина серијата од три натпревари без победа
Интер синоќа на свој терен ја победи Рома со 5:2 дома во натпревар од 31. коло на италијанската Серија А.
Лаутаро Мартинез постигна два гола за домаќините (1. и 52. минута). Хакан Чалханоглу (45.+ 2.), Маркус Турам (55.) и Николо Барела (63.) постигнаа по еден гол.
За гостите од Рим погодија Џанлука Манчини (40. минута) и Лоренцо Пелегрини (70.).
Интер (72 бодапоени) ја прекина серијата од три натпревари без победа и останува на врвот на Серија А.
Рома е шеста на табелата со 54 бода.