Интел го продава мнозинскиот удел во Алтера за 8,75 милијарди долари

Американскиот технолошки гигант Интел објави дека постигнал договор за продажба на мнозинскиот удел во својата компанија за производство на чипови Алтера за 8,75 милијарди долари на инвестициската компанија Силвер Лејк.
Како што јави американската новинска агенција Асошиејтед прес (АП), според условите на договорот, Силвер Лејк ќе преземе 51 отсто од сопственоста на Алтера, која Интел ја купи во 2015 година за 16,7 милијарди долари, што тогаш беше најголемата аквизиција во историјата на компанијата.
Целта на аквизицијата беше да влезе на нови пазари, вклучувајќи безжични комуникации, автомобилски и специјални чипови.
На почетокот на оваа година, Интел ја отфрли Алтера како самостојна компанија, а продажбата се очекува да заврши во втората половина на 2025 година. Акциите на Интел пораснаа за 3,2 отсто веднаш по објавувањето на веста, пренесува Танјуг.