Инструкторка по пливање предупредува: Никогаш не купувајте детски костими за капење во оваа боја


Се ближат летните и годишните одмори, а некои родители за прв пат ќе ги однесат своите малечки на море, базен или на некој од базените кај нас.

Токму за да се намали грижата на родителите додека уживаат со помладите членови на семејството покрај вода, овластен инструктор по пливање ги предупредил родителите да не купуваат сини костими за капење на своите деца.

Ники Скарнати во видео кое има над 100.000 прегледи објасни дека може да биде многу опасно.

„Не ги облекувајте вашите деца во сини костими за капење. Погледнете колку е тешко да ја видите под вода“, предупреди Ники.

Додека плива, девојчето навистина едвај се гледа. И беше подеднакво тешко да се забележи кога пливаше во сончевиот дел од базенот.

Исто како што облеката со светли бои може да ви помогне да го најдете вашето дете во толпа, резултатите од испитувањето покажаа дека светлите, неонски бои, вклучително и светло портокалова, жолта и зелена, се клучни за забележување дете во вода.  Тестот спроведен од  Alive Solutions Inc. покажа дека најголеми губитници биле тие што имале бели и светло сини костими за капење.

При тестирањето во базен најдобро се истакнуваат портокаловата и розовата, додека сината, белата и сивата едвај се гледаат. На тестот направен на езеро, видливи се само портокалова и жолта боја.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Nikki Scarnati (@scarnati.swim)