Институт Галуп: Речиси половина од младите Русија сакаат да ја напуштат земјата


Речиси половина од младите Руси, односно 44 проценти, на возраст од 15 до 29 години, сакаат да ја напуштат земјата бидејќи економијата стагнира, покажуваат резултатите на анкетата на Галуп.

Анкетата, направена со две илјади интервјуа направени лице-в-лице во 2018 година, покажува дека 20 отсто од сите Руси сакаат да заминат во странство, што е најголем процент од 2007 година, кога изнесуваше 17 отсто.

Млади, работоспособни луѓе се најмногу подготвени да заминат, што Галуп го оценува како закана за идната економска позиција и политичко влијание на Русија.

Популацијата на Русија минатата година се намали првпат во оваа декада на 146,8 милиони, соопшти Галуп.

Вкупно 22 отсто од Русите на возраст од 35 до 45 години изразиле желба за трајно заминување во странство. Најпосакувани дестинации се Германија и САД.