Инсталирана опрема и спроведена обука за НАТО системот за управување со кризи НИКС


Фото: Б. Грданоски

 Во рамките на новиот Оперативен центар на Армијата во касарната „Боро Менков“ во Куманово, ЦУК инсталира соодветна информатичка опрема и реализира обука за користење на  нова дигитална платформа за водење операции од областа на кризниот менаџмент функционален дигитален систем за управување со кризи од најнова генерација – системот НИКС (NICS) на НАТО.

Оваа НИКС платформа на НАТО што се развива кај нас и земјите од Регионот (Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора), овозможува просторно прикажување на податоци со цел справување со кризните настани и појави во реално време. Притоа, се овозможува брза и ефикасна комуникација и координација помеѓу субјектите во СУК. Така се постигнува донесување на правовремени одлуки  за соодветен и пропорционален одговор во зависност од ризикот, односно кризната ситуација во простор и време. 

– В.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангеловзаедно со заменик директорот Екрем Зендели и генерал мајорот Павле Арсоски, заедно со полковникот Жикица Јовановски, од Оперативната команда од страна на Армијата на Република Северна Македонија, дадоа особен белег на реализираните неопходни подготовки со дигитано симулирани кризни ситуаци според НАТО програма при спроведување на дел од таа обука. Армискиот кадар покажа многу високи резултати во восприемањето, а и во спроведувањето на обуката. Практично, со ваквото посовремено дејствување на државата за напредок во совремниот кризен менаџмент, Армијата уште посовремно се вклучува како поддршка на структурите од Системот за управување со кризи, СУК, преку функција што ја овозможува НАТО СПС (НАТО Наука за мир и безбедност) системот НИКС, се вели во соопштението од ЦУК.

Со спроведувањето на обуката, се додава во соопштението, се овозможува Оперативниот центар на Армијата да е во функција на поддршка на СУК, во координација со ЦУК, на уште поголемо современо ниво. Станува збор на НАТО проект што се реализира преку ЦУК во државата, а со кој се овозможува Армијата да има на располагање функционален дигитален систем за управување со кризи од најнова генерација – системот НИКС.

– Истовремeно, вака координираниот одговор на ЦУК и субјектите во СУК, подржани од Армијата, значи и придонес повеќе за правовремено информирање на медиумите, јавноста, а и граѓаните преку модулите на системот „НИКС“, наменети за комуницирање со јавноста, што е и во насока на поголемо подигање на свесноста и разбирањето на ризиците во јавноста, велат од ЦУК.

Оттаму информираат дека наскоро треба да почне работа новиот Оперативен центар на Армијата во Куманово.

– Таму денеска заедно од Центарот за управувње со кризи, ЦУК и Армијата на Република Северна Македонија, реализираа неопходните подготовки со дигитано симулирани ситуаци – обука, со што Армијата се вклучува како уште посовремена поддршка на структурите од Системот за управување со кризи, СУК. За остварување на таа функција е потребна моментна „он-лајн“ во „живо“ комуникација, координација и соработка помеѓу Оперативниот центар на Армијата, Оперативниот центар на ЦУК и сите инволвирани институции од Системот за управување со кризи. Оваа функција ни ја овозможува НАТО СПС (НАТО Наука за мир и безбедност) системот НИКС, велат од ЦУК.

Од Центарот нагласуваат дека со инсталирањето на потребната опрема и спроведената обука се овозможува Оперативниот центар на Армијата да биде во функција на поддршка на СУК, во координација со ЦУК, а во Армијата да имаат на располагање функционален дигитален НАТО систем за управување со кризи од најнова генерација – системот НИКС