Инстаграм и Фејсбук недостапни во целиот свет


Ако ве исфрлиле од профилите на Инстаграм и Фејсбук, не сте единствените, проблемот им се појавил на корисниците ширум светот.

Околу 16:20 часот Инстаграм и Фејсбук паднаа. Корисниците ширум светот не можеа да се логираат на своите профили, а оние кои претходно беа најавени беа исфрлени од нивните профили.

На Инстаграм, корисниците остануваат најавени, но не можат да објавуваат ништо или да ја користат сметката нормално. Се чини дека проблемот е глобален.