Инспиративна фотографија: Евреин и муслиман се молат заедно

Фотографија на која се гледа како евреин и муслиман се молат заедно многумина ја сметаат за инспиративна во време на пандемија од корона вирус.
Двајца членови на израелската служба за итни случаи Маген Давив Адом Аврахам Минц и Зохер Абу Џама, по бројни интервенции нашле малку време да се помолат заедно, а нивните фотографии станаа вирални.
Минц, религиозен Евреин стои спроти Ерусалим, со препознатлив црно-бел шал преку рамото, а Абу Џама, муслиман, клекна во правец на Мека. За нив двајца, кои работат заедно неколкупати неделно, заедничката молитва не е ништо ново. Но, за многу луѓе на социјалните мрежи оваа фотографија е инспиративна во време на пандемија од корона вирус, пренесе Си-ен-ен.