Инспекторите влегоа во општините Штип и Аеродром


 

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и денеска повтори дека ќе го чекаат решението од инспекторат, по што ќе се произнесат.

Во општина Штип денеска во исто време беа закажани и инспекторите и втората седница на Советот на општината, која почна со еден час задоцнување. Советниците од опозицијата останаа на ставот дека одлуките кои се донесени по дадените свечени изјави на мнозинството советници не се валидни, ништовни и се против Уставот. Тие ја напуштија седницата, бидејќи сметаат дека на тој начин ќе дадат легимитет на седницата.

Овие две општини не се единствени каде дел од советниците изјавите ги потпишале со Република Македонија, но има и  примери како Сопиште каде сите советници ги потпишале со уставното име.