Инспекторите да можат да затвораат кафеани до 30 дена, предлага Владата

Фото: Б. Грданоски

Доколку инспекторите утврдат прекршување на здравствените протоколи, ќе имаат овластување на лице место на правниот субјект да му изречат привремена забрана за вршење на дејноста во траење до 30 дена.

Ова го предвидуваат измените на Законот за заштита на населението од заразни болести што ги усвои Владата на денешната седница, а ќе стапат во сила откако ќе ги прифати и одобри Собранието на Република Северна Македонија.

Со измените се зголемуваат ингеренциите и овластувањата на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот инспекторат за транспорт и на другите инспекторати на централно и локално ниво за справување со прекршителите на КОВИД протоколите.

Владината прес-служба информира и дека со новите законски измени ќе се зголемат паричните казни за прекршителите на здравствените протоколи. Висината на казните ќе биде во зависност од големината на правните лица (фирмите)