Инспекторите денеска направиле 250 контроли, откриле две прекршувања за замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот


Инспекторите од Државен пазарен инспекторат денеска извршиле над 250 контроли и надзори на цела територија на државата и регистрирале две прекршувања на Одлуката со која на 11 земјоделски производи им беа лимитирани цените.

Како што соопштија од ДПИ, на прекршителите дополнително ќе им бидат издадени соодветни прекршочни платни налози.

„Од контролите е заклучено дека производите опфатени со Одлукате се продаваат по цени во согласност со Одлуката и се достапни во продавниците и маркетите ширум земјава“, посочија од ДПИ во соопштение во кое се вели дека инспекторите се и понатаму на терен.

Инаку, контролата се врши првиот ден од примена на Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало донесена од страна на Владата која се однесува на цените на замрзнување на овошјето и зеленчукот и тоа на свежи домати, свежи краставици, кромид, карфиол, свежи зелени пиперки, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимони.