Инс: Не верувам дека Погба ќе остане за следната сезона


Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Инс, изјави дека е малку веројатно дека ѕвездата Пол Погба ќе остане следната сезона кај „црвените ѓаволи“.

Во последниве месеци, не запираат информациите дека играчот од средниот ред ќе премине во Реал Мадрид во текот на летото. Причината е главно присуство на Зинедин Зидан, кој по втор пат се врати на чело на „белиот балет“.

– Секогаш е тешко да откажеш, кога ќе се јави Реал Мадрид. Не мислам дека Погба ќе остане во Јунајтед наредната сезона. Можно е да има трансфер. Работата на Солскјер внесе доверба кај многу играчи, а Погба е еден од нив, изјави Инс, кој настапуваше за Јунајтед помеѓу 1989 и 1995 година.

Погба е најскапиот трансфер на Јунајтед откако се пресели од Јувентус на „Олд трафорд“ летото 2016 година за 105 милиони евра.