Иновативниот Луис Енрике ги поместува границите, го гледаше натпреварот со ПСЖ од прес-ложата

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, уште еднаш покажа зошто се смета за еден од најиновативните фудбалски експерти денес.
Реклама
Во натпреварот од петтото коло од Лига 1 против Ленс, шпанскиот стратег направи необичен потег, го гледаше првото полувреме од трибините, поточно од прес-ложата.
Оваа одлука изненади многумина, но Енрике по натпреварот објасни дека не станува збор за каприц, туку за внимателно осмислена тактика инспирирана од рагбито.
Ayer, Luis Enrique vio el primer tiempo contra el Lens en la tribuna de prensa y después, en el segundo, bajó al banquillo.
El asturiano no descarta repetir esta fórmula en el futuro.
"Hace tiempo que veo a los entrenadores de rugby que analizan los partidos con una perspectiva… pic.twitter.com/xYrvqVP5pi
— Andrés Onrubia Ramos (@AndiOnrubia) September 15, 2025
„Долго време гледав како тренерите по рагби ги гледаат натпреварите од покачени позиции. Ми се допаѓа таа идеја бидејќи ви дава појасен преглед на играта. Сакав да го пробам истото и можам да кажам дека беше величествено. Можете подобро да контролирате сè“, рече Енрике по натпреварот.
Според него, „птичјата перспектива“ му овозможила појасно да го види распоредот на играчите, движењата без топка, празните простори и линиите за додавање. Сето ова, вели тој, му помогнало да направи поконкретни и подобри прилагодувања во второто полувреме.
„На полувремето, имате совршена слика за играта пред вашите очи. Јасно можете да видите кој играл добро, а кој не. Имате директни информации што ви помагаат да донесувате подобри одлуки“, објасни тренерот на ПСЖ.
Иако овој пристап сè уште не е вообичаен во европскиот фудбал, Енрике не ја исклучува можноста повторно да го користи во идните натпревари. Шпанскиот тренер е познат по својата отвореност кон нови идеи, а инспирацијата од други спортови, како што е рагбито, е само дополнителен доказ за неговата желба да ги помести границите во тренерската работа.
Доколку се покаже како ефикасно, не е исклучено наскоро да видиме други тренери, особено во најголемите европски клубови, како го гледаат првото полувреме од трибините, а не од клупата.