“Иновативен фински дизајн” во Јавна соба


Вечерва во 19 часот од страна на Амбасадорот на Финска, Кимо Лахдевирта ќе биде отворена изложбата “Иновативен фински дизајн” во Јавна Соба.

Оваа изложба се состои од панели на кои е прикажан креативен пристап во решавањето на сложени технолошки проблеми; од дизајн на информациски и комуникациски технологии, бродоградба, дизајн во здравството, па сѐ до иновации во индустријата за мебел.

Автор на изложбата е Јарно Пелтонен, поранешен директор на Музејот за дизајн во Хелсинки.

Изложбата “Иновативен фински дизајн” на која може да се погледнат овие проекти, а и да се научат некои интересни факти за Финска, ќе биде отворена за посетители се до 1. Декември, односно до завршувањето на Skopje Design Week.