Иницијатива за регионална кампања #ДржиДистанца #ЖивототМораДаПродолжи


Фото: Б. Грданоски

Независната угостителска комора (НУК) во пресрет на вториот бран на пандемијата КОВИД-19 започнува иницијатива за регионална кампања #ДржиДистанца #ЖивототМораДаПродолжи.

– Целта на оваа иницијатива и кампања е придонесот од сите нас во подигање на #ЈавнаСвест во интерес на #ЈавноЗдравје за да укажеме на владите од регионот дека успехот на нашата задача и мисија е во донесување на унифицирани и применливи владини мерки, чија основна цел е заштита на здравјето на граѓаните, информират од НУК.

Најавените мерки и рестрикции, стои во соопштението, битно ќе влијаат на секојдневието и со сигурност ќе придонесат за уште поголем економски удар и колапс на туристичко угостителската индустрија.

Од НУК најавуваат и хибридната регионална конференција “КОВИД-19 ■ НЕФОРМАЛЕН ПАРТНЕР” закажана за 23 – 24 септември во Скопје, на која преку дијалог и дискусии сите заедно ќе придонесат во унифицирање, прифаќање и спроведување мерки и протоколи на балканско ниво за новото секојдневие, со што ќе се придонесе, како што велат, оваа есен/зима да не ја поминеме и предремеме затворени во своите домови.