Инфраструктурната заштита значајна во процесот на подобрувањето на безбедносниот систем
Преку јакнење на инфраструктурната заштита ќе се обезбеди подобрување на безбедносниот систем, што е особено значајно во овој период кога светот се соочува со кризи од кои произлегуваат различни закани и опасности, заклучија учесниците на денешната Меѓународна конференција „Приватната безбедност во заштита на критична инфраструктура“ што се одржува во рамки на Деновите на приватно обезбедување 2022 година, а на која учествуваше и министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Според Петровска, заштитата на критичната инфраструктура е прашање од особена важност.
-Денеска светот особено Европа се соочува со најголемиот безбедносен предизвик од неразумната и неразбраната руска агресија, поради лошите резултати руската страна беше принудена со напад на цивилни цели а потоа на напад на критичната инфраструктира. Во време на сериозни безбедносни предизвици, критичната инфраструктура е суштински значајна за опстанокот на една држава. Ефикасен и ефективен состем на заштита на инфраструктура може да постигнеме само со инклузивен процес и мултисекторски пристап. Заштитата на критичната инфраструктура е е една од најоптималните области за воспоставување партнерство помеѓу приватниот и јавниот сектор, изјави Петровска.

На конференцијата беше истакнато дека е потребен закон, а во однос на тоа министерката Петровска информира дека моментално се работи на новиот Закон за критична инфраструктура.
-Со законот ќе се најде и законска основа за понатамошен развој на оваа наша соработка. Во услови кога од институциите се бара рационалност и ефективнист при користењето на финасиските и човечките ресурси се поставува прашањето како заедно да изградиме систем кој пред се ќе и служи на државата, а бенефитот ќе го имаат граѓаните, се поставува прашањето како да се заштити државата без да не се ограничи либералниот простор,потребната слобода. Критичката инфраструктура ги опфаќа системите и средствата физички или виртуелни кои се витални за значењето на една држава, и секое нивно онеспособување или уништување ќе има апсолутно негативен ефект врз националната, економската и социјалната безбедност. Затоа потребно е да се постигне свесноста и нивото на подготвеност на заштита на критичната инфраструктура, вклучително и изградба на легислтивна рамка, порача министерката.
Претседателката на Комората на РСМ за приватно обезбедување Верица Милеска Стефановска, истакна дека поврзувањето со академиската заедница е приоритет, заради унапредувањето на вештините и знаењето на вршителите на дејностите.
-Сите сме свесни дека светот го потресоа исклучително сериозни настани проследени со закани и ризици. Во сите тие немили настани на површина произлегоа потребите од посебно внимание на безбедносните структури, оцени Милеска Стефановска.
Соопшти дека Северна Македонија е во фаза на креирање адекватни законски акти што ќе обработат повеќе безбедносни прашања, меѓу кои и сферата на заштита на критичната инфраструктура.
Генералната директорката на Коес – Европска конференција на услуги за приватно обезбедување Катерине Пиана во своето обраќање пред присутните се осврна на потребните чекори кои треба да се преземат за подобрување на инфраструктурната заштита.
Истакна дека во креирањето на инфраструктурна заштита треба да се обрне особено внимание на професионалноста, квалификуваниот кадар и добрата технологија.