(Инфографика) Стапката на невработеност во светот – каде е Македонија


Бројот на невработени во светот се зголеми минатата пролет кога земјите ги затворија своите економии за да го забават ширењето на корона вирусот.

Со новиот бран на пандемијата што се случува токму сега, еве како стојат државите кога станува збор за невработеноста, пишува веб-страницата за финансиска писменост HowMuch.net.
Од инфографикaта може да се заклучи дека стапката на невработеност е значително поголема во неразвиените земји во споредба со напредните економии. Најголема невработеност има во Јужна Африка (37 отсто), Западниот брег и Газа (32,2 отсто) и Бахамите (25,1 отсто). Од друга страна, Сингапур (3 отсто), Чешка (3,1 отсто) и Швајцарија (3,2 отсто) имаат најниска стапка на невработеност во светот, што покажува дека некои економии напредуваат дури и за време на пандемијата на корона вирусот.

САД се на средина во споредба со остатокот од светот. Со стапка на невработеност што се движи околу 8,9 отсто, САД се наоѓаат на 45-то место од 103 земји прикажани на инфографиката.

Еве го рангирањето на земјите според стапките на невработеност на секој континент, каде што има податоци:

Северна Америка

1. Канада: 9,7%

2. САД: 8,9%

3. Мексико: 5,2%

Јужна Америка

1. Бахами: 25,4%

2. Белизе: 25,1%

3. Костарика: 22%

4. Колумбија: 17,3%

5. Доминиканска Република: 16%

Европа

1. Северна Македонија: 20,2%

2. Грција: 19,9%

3. Босна и Херцеговина: 19%

4. Шпанија: 16,8%

5. Србија: 13,4%

Азија

1. Западен брег и Газа: 32,2%

2. Ерменија: 22,3%

3. Турција: 14,6%

4. Иран: 12,2%

5. Монголија: 12%

Африка

1. Јужна Африка: 37%

2. Судан: 25%

3. Маурициус: 21%

4. Алжир: 14,1%

5. Мароко: 12,5%

(За Африка, податоците не се целосни)

Океанија

1. Фиџи: 13,4%

2. Австралија: 6,9%

3. Нов Зеланд: 6%

(Податоците за Океанија не се целосни)