(Инфографика) Која земја е најголем производител на велосипеди во ЕУ

Во 2019 година ЕУ произведе над 11,4 милиони велосипеди, наведува Евростат. Ова претставува раст од 5 отсто во однос на претходната година и 10 отсто повеќе во споредба со 2014 година, но сепак не е и година во која биле произведени најмногу примероци од ова се попопуларно превозно средство.

Најголемо производство на велосипеди во земјите на ЕУ било регистрирано во 2015 година кога бил достигнат пикот и кога биле произведени вкупно 13,7 милиони, или за 17 отсто повеќе од бројот на велосипеди во 2019 година, наведува Евростат.

За многумина може да бидат изненадување и податоците каде најмногу се произведуваат велосипеди во ЕУ, доколку очекувале тоа да биде Холандија која важи за највелосипедска земја, како и скандинавските држави.

Така, како што покажуваат податоците на европското статистичко биро, меѓу државите членки на ЕУ, Португалија беше најголем производител на велосипеди во 2019 година, произведувајќи 2,7 милиони велосипеди, по што следат Италија (2,1 милиони), Германија (1,5 милиони), Полска (0,9 милиони) и Холандија (0,7 милиони). Овие пет земји заедно учествуваа со 70 отсто од вкупното производство на велосипеди на ЕУ во 2019 година.

Податоците за Латвија и за Словенија се доверливи, наведува Евростат.

Европската унија (ЕУ) вклучува 27 земји-членки. Велика Британија ја напушти ЕУ на 31 јануари 2020 година.