Инфлуенсер кој тврдел дека корона вирусот е измама починал во болница од КОВИД-19


Украинскиот фитнес инфлуенсер Дмитриј Стужук, кој веруваше дека корона вирусот е измама и тврдел дека не постои, починал од последииците на КОВИД-19 на возраст од триесет и три години, испраќајќи предупредување до неговите следбеници на Инстаграм пред неговата смрт, објави Дејли меил во неделата.

Поборникот на здрав начин на живот се заразил со вирусот за време на неговиот престој во Турција. Тој бил тестиран по враќањето во Украина и бидејќи наодот бил позитивен, а неговата состојба била загрижувачка, бил пренесен во болница.

По осум дена болничко лекување, тој бил пуштен на домашна нега, но само неколку часа подоцна се појавиле срцеви компликации за кои подоцна се покажа дека се поврзани со корона вирусот пренесува порталот СЕЕбиз.

Неговата поранешна сопруга Софија изјави дека бил пренесен во болница во несвесна состојба и дека неговата состојба е исклучително тешка поради проблеми со срцето.

Пред да умре, Стужук ги повика своите милиони следбеници на Инстаграм сериозно да ги сфатат пандемијата и глобалната криза.

Татко на три мали деца им порача на обожавателите: „Сакам да ја споделам веста дека сум болен и да ве предупредам сите да го сфатите ова сериозно. Јас бев еден од оние кои сметаа дека КОВИД-19 е измама и дека не постои. Се додека самиот не се разболев. КОВИД-19 не е краткотрајна болест и воопшто не е безопасна“, напиша тој покрај фотографијата што ја објави за време на првиот престој во болницата на која лежи во болнички кревет и прима терапија со кислород.

Тој напиша дека едно утро во Турција се разбудил тешко дишејќи и вратот бил отечен.

Тој додаде дека лекарите инсистирале да биде хоспитализиран и дека има намера да напише посебен пост за деновите поминати во болницата.

„Болницата е полна со луѓе, некои се наоѓаат во ходниците, нема храна, нема тоалетна хартија, нема опрема… Никој не ме предупреди за такво нешто. Состојбата во здравството во нашата земја заслужува посебна објава”, напиша тој, но смрта го попречи.