Инфлацијата во Србија 14,8 отсто, зеленчукот поскапе најмногу
Потрошувачките цени во Србија во мај 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 14,8 отсто, објави Републичкиот завод за статистика. За една година најмногу поскапе зеленчукот – за 38,3 отсто.
Годишната инфлација (во овој месец во однос на истиот месец лани) изнесуваше 15,1 отсто во декември и ноември 2022 година, 15,8 отсто во јануари 2023 година, 16,1 отсто во февруари, 16,2 отсто во март и во април 15,1 отсто.
Од мај 2022 до мај 2023 година, цените на храната се зголемија за 24,5 отсто.
Рекордер е зеленчукот со поскапување од 38,3 отсто, потоа млекото, сирењето и јајцата со годишен раст од 35,1 отсто, иако статистиката евидентира дека овие намирници се на месечно ниво, од април до мај – поевтинуваат за 0,2 проценти.
Струјата, гасот и другите горива поскапеа за 26,2 отсто од мај лани до мај годинава.