Инфекциите од корона се зголемуваат во сите скопски општини


Фото: Б. Грданоски

Во Скопје се активни 1040 случаи на корона вирус, во кои не се наведени сите оние од 11 јуни. Според податоците објавени на веб-страницата на Министерството за здравство во последниве денови инфекцијата се шири низ сите општини, иако некаде, како во Чаир, инциденцата е многу поголема отколку на другите места.

Според последните податоци, вака изгледа бројот на инфекциите по скопските општини:

Чаир – 235

Бутел – 88

Аеродром – 87

Гази Баба – 89

Центар – 87

Карпош – 79

Сарај – 75

Кисела Вода – 52

Ѓорче Петров – 39

Шуто Оризари – 29

Студеничани – 25

Арачиново – 30

Илинден – 20

Петровец – 7

Чучер Сандево – 6

Сопиште – 3

Странец – 2

Неутврден – 2