Индијана Џонс наполни 77 години: Среќен роденден Харисон Форд!


САД- Славниот актер Харисон Форд, познат по улогитe на Хана Соло во „Војна на ѕвездите“ и на серијалот за археологот-авантурист Индијана Џонс викендов славеше 77 години.

Во 1981 година, имаше 39 години кога дебитираше во улогата на Индијана Џонс. Актерот, препознатлив и по улогите во блокбастерите Apocalypse Now (1979), Presumed Innocent (1990), The Fugitive (1993)  и  Air Force One (1997), е еден од омилените во Холивуд и на публиката, со досегашна заработка од 230 милиони долари.

Форд три пати се има женето, од 2010 е во брак со актерката Калиста Флокхарт и има пет деца од трите брака.