Индија забележа рекордни 20.000 случаи на коронавирус во еден ден


Индија во неделата го забелжа рекордниот број на новозаразен со корона вирусот од 19.906 лица, во периодот кога сојузните држави го зголемуваат бројот на тестирњата за да се подобри спраувањето со епидемијата.

Севкупниот број заразаени со новиот корона вирус во Индија изнесува 528.859 лица, со 16.905 смртни исходи. Со тоа втората најбројна држава на светот е на четвртото место според бројот на заразените, зад САД, Бразил и Русија.

Само во саботата биле тестирани вкупно 231.095 лица, објави Индиската комисија за медицински истражувања, што е повеќе од двојно отколку пред еден месец. Владите на Њу Делхи и на сојузните држави Махараштра и Утар Прадеш најавија дека следните седмици значително ќе го зголемат тестирањето.

Неколку индистриски градови станаа нови жаришта на ширењето на вирусот, како Мумбаи, Делхи и Ченаи. Најпогодена е државата Махараштра и нејзината престолнина Мумбаи. Премиерот на оваа сојузна држава Удав Ткалераи во неделата најави дека делумниот карантин ќе продолжи, но и постепено ќе биде ублажуван за да се овозможи враќање на стопанските активности.

Во државата Махараштра во неделата почнаа да се отвораат фризерските салони и берберниците, со безбедносни мерки кои се на сила. Од граѓаните се нара да се задржуваат во област на 2 километара од местото на живеење, соопшти полицијата на Мумбаи. Илегувањето надвор од овој радиус е дозволен само за одење на работно место или за лекување.

Во последните неколку дена бројот на случаите е остро зголемен бројот на случаите и во градот Бенгалуру, каде што се забранети сите освен клучните активности.