Индија: Пиеле дезинфекциско средство место алкохол, починаа 10


 

Најмалку десетмина починаа во индија поради пиење дезинфекциско средство на база на алкохол, потврдија локалните власти.

Со оглед на тоа дека една област во Индија е потполно затворена заради пандемијата од корона вирус, најмалку десет зависници од алкохол поради неможноста да купат пијалок, одлучиле да се напијат средства за дезинфекција кои се на база на алкохол, наведува Би-би-си.

Шефот на тамошната полиција вели дека починатите мешале дезинфекциско средство со вода и со други пезалкохолни пијалоци, и додаде дека со пиење на оваа мешавина почнале десет дена пред да умрат.

„Истражуваме дали средството за дезинфекција содржело и други токсини“, вели шефот на полицијата Сидарта Каушал.

Алкохолните пијалоци цо Индија во моментот се тешко достапни додека до дезинфекциски средства се доаѓа многу едноставно.