Индија објави фотографии и видеа од јужниот пол на Месечината
Индиската организација за вселенско истражување (ISRO) објави фотографии и снимки од својот лунарен ровер на социјалната мрежа X, откако лунарниот модул Chandrayaan-3 успешно изврши меко слетување на јужниот пол на Месечината минатата недела.
Објавата вклучува фотографии и снимки од излегувањето на роверот Прагјан, како и неговите први метри поминати на површината на Месечината, како и фотографии направени од роверот и податоци собрани од инструментите на мисијата.
Here is how the Lander Imager Camera captured the moon's image just prior to touchdown. pic.twitter.com/PseUAxAB6G
— ISRO (@isro) August 24, 2023
На првото видео од роверот се гледа како го напушта лендерот преку рампата и се спушта на површината на Месечината, а има и видео од спуштањето на лендерот до местото на слетување со кревање прашина.
ИСРО објави дека роверот преминал осум метри и дека се активирани неговите два научни инструменти. Беше објавено и видео снимено од камерата на лендерот, на кое се гледа како роверот заминува и речиси исчезнува од „погледот“ на лендерот. Има и фотографии од моментот кога роверот наишол на голем кратер, кој го принудил да го промени курсот.
… … and here is how the Chandrayaan-3 Rover ramped down from the Lander to the Lunar surface. pic.twitter.com/nEU8s1At0W
— ISRO (@isro) August 25, 2023
Индија истакна дека целта на оваа лунарна мисија е успешно да слета на Месечината за да покаже дека оваа земја има способност да вози ровер на површината на Месечината и да спроведе научни експерименти со помош на инструменти поставени на роверот и лендерот.
Познато е дека лендерот и роверот се опремени со инструменти за различни мерења во лунарната средина, вклучително и драстични температурни промени помеѓу површината на Месечината и почвата под неа.
Индија успешно слета на Јужниот пол на Месечината неколку дена откако рускиот лендер Луна-25 се урна на површината на Месечината.
… … and here is how the Chandrayaan-3 Rover ramped down from the Lander to the Lunar surface. pic.twitter.com/nEU8s1At0W
— ISRO (@isro) August 25, 2023