Индиец има шанса да стане најмладиот шаховски светски шампион


Индиецот Домараџу Гукеш (17) го шокираше шаховскиот свет и доби шанса да се бори за титулата светски шампион.

Шахистот од Ченаи и покрај сите очекувања освои 9 бода и беше најдобар по 14 кола на „Турнирот на кандидати“ што се одржа во Торонто, а шанса да игра за титулата светски првак ќе добие против Кинезот Лирен Динг.

Тој дуел треба да се одигра на крајот на 2024 година, а доколку стане светски првак ќе стане и рекордер.

Имено, најмладите светски шампиони во историјата беа Гари Каспаров и Магнус Карлсен кои до светските титули стигнаа на 22 години, а Гукеш ќе има 18 години кога ќе се бори за титулата на крајот од годината.

Гукеш синоќа стана најмладиот победник на „Турнирот за кандидати“, а ја носи и титулата втор најмлад велемајстор во историјата.

Во јануари 2019 година тој доби статус на велемајстор на возраст од 12 години, 7 месеци и 17 дена, а рекордер е Русинот Сегеј Карјакин, кој својата велемајсторска титула ја стекна како играч само 17 дена помлад од Гукеш.