Инцидент во Љубљана: Навивач сакал да го удри Роналдо


Португалската фудбалска репрезентација вечерва во Љубљана од 20 часот и 45 минути игра пријателски натпревар против Словенија.

Пред хотелот „Гранд Плаза“, каде што се сместени Кристијано Роналдо и неговите пријатели, многу луѓе нетрпеливо ги чекаа неколку часа играчите на гостинскиот тим.

Фудбалерите се појавиле околу 19 часот и влегле во автобусот кој ги водел до Стожице, но дошло до инцидент, кој за среќа немал поголеми последици.

Еден од навивачите сакал да го удри Роналдо во лобито на хотелот, но обезбедувањето реагирало навреме и спречило физички контакт.