Инцидент во ковид болница – средство за дезинфекција во респираторите на двајца пациенти


Поради пропуст на персоналот во одделот за Ковид во болницата во Крушевац, Србија, средство за дезинфекција влегло во два респиратори. За среќа, медицинскиот персонал навремено го забележал проблемот со дестилирана вода и реагирале, па пациентите поврзани со респираторите поминале без последици, пишуваат медиумите во соседна Србија.

Директорот на Универзитетскиот клинички центар во Ниш, Зоран Перишиќ, посочува дека ниту еден од пациентите не бил загрозен бидејќи проблемот бил навремено забележан.
„Растворот за влажност на кислородот е дестилирана вода подготвена во нашиот оддел за хемодијализа во болницата во Крушевац. Се подготвува во специјални контејнери што се дезинфицираат редовно. Бев известен во саботата дека средството за дезинфекција не било целосно отстрането претходната ноќ. Нагласувам дека оваа течност не се истура во централниот систем, туку во резервоарите на секој респиратор за индивидуални пациенти. Течноста за дезинфекција имаше иста конзистентност и боја како дестилираната вода, но кога се стави раствор во респиратор на друг пациент, беше забележано дека мирисот е поинаков, се беше прекинато веднаш, така што пациентите не го вдишаа растворот и немаше никакви поледици за нив, а целата подготвена серија беше повлечена“, објаснува Перишиќ.

По овој инцидент, процедурата за подготовка на растворот за влажност на кислородот беше заострена, што вклучува назначување на лице задолжено за контрола на чистотата на контејнерот што се користи за таа намена, пишува Телеграм.