Инцидент во Италија: Со портокалово „нападнат“ италијанскиот сенат


 

Еколошките активисти од групата „Последна генерација“ истурија портокалова боја на фасадата на зградата на сенатот во Рим.

Полицијата приведе пет членови на групата, пренесоа италијанските медиуми.

Овој чин е предизвикан од алармантната статистика и климатскиот колапс, соопштија активистите.

Претседателот на сенатот Ињасио ла Руса, остро ги осуди постапките на еколошките активисти.

Тој додаде дека за утре е закажан состанок на владејачкиот сенат на горниот дом на парламентот на кој би требало тема да биде и овој инцидент.