Инцидент на ревијата на Шанел: Блогерка прошета на писта како манекенка


Франција– Блогерка стана славна откако влета на ревијата на „Шанел“ во Париз, на првата претапорте колекција што куќата ја претстави по смртта на долгогодишниот креативен директор и главен дизајнер, Карл Лагерфелд.

Причината поради која Мари Бенониел се појави неповикана среде пистата на покрив, е поради тоа што, како што подоцна изјави, била одбиена од креативната директорка на Шанел, Вирџинија Виард.

Блогерката  можеби ќе имала поголем успех , доколку не се качила на пистата преку главите на поп-ѕвездата Карди Би и уредничката на американскиот „Вог“ -Ана Винтур.

Иако обезбедувањето се намачи за да ја фати, славната манекенка Џиџи Хадид во тоа беше поуспешна. Кога манекенките заземаа финална положба , а блогерката се обиде да им се приклучи, Џиџи ја фати за рамениците и ја симна од пистата.