„Имаме и дефанзивни и офанзивни планови“: Заврши состанокот на израелскиот воен кабинет


Имаме дефанзивни и офанзивни планови, но не можам да кажам ништо повеќе од тоа, изјави на портпаролот на израелската армија, Даниел Хагари по состанокот на израелскиот воен кабинет на кој се одлучуваше за одговорот на иранскиот напад.

Тој истакна дека одобрени се оперативни планови и за офанзивна и за одбранбена акција.

– Изминатите два часа одобривме оперативни планови и за офанзива и за дефанзива. Ќе продолжиме да ја штитиме државата Израел и заедно со нашите партнери ќе продолжиме да градиме побезбедна и постабилна иднина за целиот Блиски Исток, посочи контрадмирал Хагари. 

Претходно, агенциите јавија дека по повеќе часови заврши состанокот на израелскиот воен кабинет, со кој претседава премиерот Бенјамин Нетанјаху, на кој требаше да одлучи за понатамошните чекори по синоќешниот ирански напад.

Неименуван претставник од кабинетот на Нетанјаху изјави дека на средбата не е донесена никаква одлука, но оти израелските безбедносни сили (ИДФ) ќе ги претстави опциите, што значи дека Израел ќе одговори на нападот на Иран.

Додека друг неименуван владин претсатвник изјави оти никој не сака да види понатамошна ескалација во ова чувствително време.