Имаме доволно купувачи за нафтата и гасот, вели Лавров

Рускиот министер за надворешни работи вели дека земјата има доволно купувачи за нафта и гас надвор од западните земји, додека земјите од ЕУ се обидуваат да ја намалат зависноста од руската енергија.
Сергеј Лавров рече: „Западот нека плати повеќе отколку што ѝ плаќаше на Руската Федерација и нека му објасни на своето население зошто тие треба да станат посиромашни“.
Лавров ова го изјави на прес-конференција по разговорите со неговиот колега во Мускат, Оман.
ЕУ предложи целосна забрана за увоз на нафта како дел од заострување на санкциите.
Таа веќе вети дека ќе го намали увозот на гас за две третини до крајот на годината и планира постепено да ја укине суровата нафта во текот на шест месеци и рафинираните производи во рок од неколку месеци.