Имам долга коса од дете, не се плашам од промени: Лоба со нов имиџ


Пејачката Викторија Лоба се пофали на социјалните мрежи со нов изглед. Препознатливата долга руса коса ја потскрати.

-Дојдов јас на фризер на фенирање во ID team и откако ми ја измија косата му велам на Диме- а да ми шишнеш едно 20 см. И така спонтаната одлука веднаш се реализира. Имам долга коса од дете, пред три години ја скратив исто доста кратко па многу брзо ми порасна. Мислам дека таа должина до рамена ме освежува, барем јас така се чувствувам и секако не се плашам од такви промени, ме инспирираат за нови стајлинзи, ни изјави Лоба од Маврово.

Ја гледавме на сцена или на писта, ни се смееше од билборди или градски автобуси, на козметички и модни каталози. Како дама, невеста, модна икона.. Споделува фотографии на социјалните мрежи, има многу следбеници на Инстаграм. Сите сакаат да дознаат за нејзините дружби и патувања. Нејзиниот приватен живот интригира и поради статусот сингл и ја прави уште попожелна за машката популација.

Лоба, е нежна русокоса со ангелска убавина, Русинка со македонско државјанство, која освен што е фотогенична, покажа дека има и глас и чувство за модерен звук кој го слушаме секое лето благодарејќи на првиот студиски албум „Нов свет“, и тоа во две изданија – македонска и англиска верзија.

Дип-хаус музиката на Марга Сол и на Роберт Билбилов е воодушевувачка и нè носи на плажите на Санторини каде што се снимени дел од спотовите за песните. Ако не можеме ние да отпатуваме, музиката на Лоба не носи на море. (Л.С.)