Има уште 400 ваучери за инвертер клими
Доделени се најголем дел од ваучерите за инвертер клими. Од вкупно 6.180 ваучери, останати се околу 400. Нив граѓаните ќе можат да ги подигнат од понеделник до крајот на ноември, во просториите на Министерството за енергетика кое се наоѓа спроти Музејот на Град Скопје, односно стара железничка.
Ваучерите ќе може да се искористат за купување клима во 42 фирми и нивните подружници. Списокот со компаниите и нивните локации е достапен на веб страната на Министерството, каде се објавени и имињата на добитниците.
Доделените ваучери имаат вредност од 23 или 25 илјади денари за енергетска ефикасност и од 27 до 30 илјади за ранливите групи потрошувачи. Ако климата е поскапа од ваучерот, тогаш граѓанинот треба да ја доплати.
Сите мора да купат клима до 30 ноември. Потоа ваучерите ќе се сметаат за неважечки. Секоја фирма ќе мора да гарантира дека климата што е продадена ќе биде и наместена на адресата напишана на ваучерот. Така ќе се спречи злоупотреба со препродажба на добиените ваучери.
Во Mинистерството за енергетика ќе има и комисија која ќе проверува дали се почитуваат договорите со фирмите пред да им се исплатат продадените ваучери