Има сомнителни случаи и на јужноафриканскиот сој, вели министерот Филипче


Покрај делта сојот, во нашата земја е можно присуство и на јужноафиканската варијанта на корона вирусот, изјави денес министерот за здравство Венко Филипче.

„Четири случаи треба да се секвеционираат на јужноафриканскиот сој што значи има и други соеви присутни во земјава“, рече Филипче. Станува збор за четири лица од Тетово за кои се сомнева дека се заразени со јужноафриканскиот сој.

Засега, како што потенцира, нема нови случаи со делта варијантата на корона вирусот. Во однос на детектирањето, тој објасни дека пристапот е ист, епидемиолошка анкета, анализа, скрининг на тестовите и индикација дали да се прави секвенционирање.