Има најави и дека Мијалков сака да се спогоди со Обвинителството
Сашо Мијалков исто така сака да се спогоди за случајот „Империја“, изјави вечерва во „Топ тема“ на ТВ Телма, шефицата Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
Според неа, има најави дека и Мијалков сака спогодба, но како што вели, „ќе видиме што ќе понуди и сигурно ќе биде поголема и сумата што би требало да ја уплати во Буџетот на државата“.
Обвинителката смета дека граѓаните треба да бидат задоволни од тоа што средствата се плаќаат во готово и дека се враќаат во Буџетот на Македонија.
Бизнисменот Орце Камчев се спогоди со обвинителството да признае вина, да ѝ плати на државата 5 милиони евра и да добие една година затвор.