Има доволно крв на Трансфузиологија


На новинарско прашање дали има доволно единици крв на Трансфузиологија, министерот за здравство Венко Филипче рече дека секојдневно има комуникација со директорот на Институтот, кој му ги испраќа табелите, и резервите не отстапуваат вово однос на истиот период минатата година.

– Сосема се  доволни, рече Филипче.

Министерот посочи и дека двете недели од неговата изолација му истекуваат во четврток, и тогаш ќе треба повторно да се тестира.

Во однос на тоа дека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски се тестирал повторно од страна на Центарот за јавно здравје Куманово и резултатот е негативен и дали тоа значи дека му завршува карантинот и може да се врати на работа во четврток, Филипче рече дека треба да се почитуваат решенијата на ДСЗИ.

– Има таму издадени решенија од Државниот санитарен здравствен инспекторат и епидемиолози така да сите тие решенија мора да се почитуваат и има медицинска причина зошто се издадени во даден момент треба да траат толку колку што е тоа препишано, одговори Филипче.