Има 16 години, но изгледа како 50


Девојка со 16 години, која изгледа како да има 50 години боледува од многу ретка кожна болест.

Девојчето по име Рајзел Калаго до пред две години била совршено здравоа, а на 14 години на кожата и се појавиле црвени траги за кои најпрво  се сомневала дека се алергиска реакција. Меѓутоа, во декември 2019 година и било дијагностицирана прогерија, болест на стареење на кожата.

Станува збор за ретка болест, поради која девојката од Филипини изгледа со децении постара.

По појавата на првите црвени траги на кожата, Рајзел отишла во болница со нејзината мајка за да ја открие причината за проблемот, а на крајот на 2019 година и била дијагностицирана прогерија. Оваа прогресивна генетска болест е позната, но многу ретко кај децата, кои почнуваат ненадејно да стареат во првите две години од животот. Сепак, форма на болеста што се јавува подоцна, позната како Вернер-ов синдром, може да почне да се манифестира во адолесценцијата или раната адолесценција.Покрај стареењето на кожата, поради оваа болест има и здравствени проблеми кои се карактеристични за постарите – катаракта, дијабетес, срцеви проблеми, остеопороза. „Бевме толку тажни и загрижени, не знаевме што да правиме“, изјавила мајката на Рајзел, Џоел Омагап Калаго. 

Покрај физичките промени на кожата, девојката имала и болки во грбот, па престанала да расте. Поради состојбата и е многу тешко да излегува, а и пред пандемијата носеше маска за да се „скрие“, јакни и широка облека. Нејзината мајка вели дека и било тешко да се прилагоди и на училиште. “Рајзел се срами да се соочи со другите. Некои нејзини врсници ја малтретираа, но има и такви кои ја сакаат и ѝ измамуваат насмевка на лицето”, вели г-ѓа Калаго. Една од работите што и е најтешко на нејзината мајка е тоа што, иако има 37 години, нејзината ќерка изгледа постаро од неа.

 „Многу луѓе велат дека изгледам помладо од Рајзел и многу ме боли. Не сакам да го слушнам тоа“, искрена е таа. 

За Рајс, во моментов не е достапна терапија која ќе помогне да се забават ефектите од оваа болест. Таа е под постојан лекарски надзор поради други здравствени проблеми кои би можеле да настанат како последица на прогестерија, а нејзиното семејство собира пари за да и го олесни животот со оваа состојба.