Им се смачи од бучавата: Амстердам го намалува бројот на сувенирници за помалку туристи


Амстердам планира во следниот период сувенирниците да ги замени со објекти кои повеќе одговараат на резидентите, а помалку привлекуваат туристи.

За да го намали бројот посетители и метежот кои го комплицираат животот на локалното население, холандскиот град ќе понуди на непрофитни организации пари за локалите кои би ги користеле во други цели, кои ќе придонесуваат за развој на заедницата. За оваа намена издвоени се 10 милиони евра.

Оба не е нова идеја во најголемиот холандски град, но оигледно ѝ требаше време да се финализира.

Имено, Холанѓените со години се жалат на неподносливата бучава и метежот во историскиот дел на Амстердам, кој секогаш е полн со туристи, а бидејќи во текот на пандемијата имаа прилика да видат како би изгледал градот без туристи, сега се повеќе од одлучни во намерата да си го вратат мирот во сопствениот град.

НИвните критики ги слушна градоначалничката Фемке Халсема и најави „детуристификација“. Таа ќе подразбира низа мерки, меѓу кои се издвојувааѕ и ограничување на сместувањето кое може да се изнајми преку палтформата AirBnB, но и бројни хотелски кревети.

Оваа мерка ја следат и намалување на понудите во „Квартот на црвените фенери“, но и затворање на некои од дуќаните кои продавата работи што не ги купуваат локалните жители. Тоа, главно се продавници за кломпи, сирења спакувани за туристите и вафли со нутела.